„Сите зборуваат само за Куман, ама тој не е виновен“ порача легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков.
Стоичков, кој е поранешен соиграч на Роналд Куман смета дека играчите се најголемиот проблем на каталонскиот клуб.
„На терен излегуваат 11 фудбалери, тие играат, не Куман“ вели Стоичков кој посебно ја критикуваше играта на Французинот Антоан Гризман кој за 120 милиони долари од Атлетико се пресели на „Ноу Камп“.
„На натпреварите против Ливерпул, Јувентус, ПСЖ, Реал Мадрид и Атлетико (М) не покажа дека навистина вреди толку пари. Кога тој е на терен, Барселона игра со играч помалку. Треба да го продадат“ вели бугарскиот ас.
Гризман за Барселона одигра 98 меча и постигна 34 гола со 16 асистенции.
Многу подобра беше неговата статистика кај „Јорганџиите“, во 257 меча постигна 133 гола со 50 асистенции.