Бугарската фудбалска легенда Христо Стоичков не пропушта ниту една шанса да зборува против Реал Мадрид, но во последното рангирање на „Периодиста дигитал“ тој е само вториот најголем мразител на „кралскиот клуб“.
На првото место, зачудувачки, воопшто не е навивач на Барселона, како што би можело да се очекува, туку Кристобал Сорија, верен навивач на Севилја. Сорија, кој е ТВ-водител, според „Периодиста дигитал“ има само една желба: „да го види падот на Реал Мадрид“.
Стоичков, кој беше легенда на каталонскиот тим, според анкетата е повеќе „антимадридист“ отколку навивач на Барселона.
По Бугаринот следат луѓе кои навистина се поврзани со Барселона. На третото место е поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспар, а четврти уште еден лидер на Каталонците, Жоан Лапорта.
Жерард Пике, зачудувачки е само петти, и покрај неговата посветеност на Барселона, а во топ 10 се и Артуро Видал, Чилеанецот кој неодамна преку социјалните мрежи ги навредуваше навивачите на Мадрид, Жота Жорди, Гонзало Миро, Пеп Гвардиола (иако одамна не е во Барселона) и Вили Толедо.