Top Sport

Стоичков со лук и топла вода се штити од коронавирусот

Легендарниот фудбалер Христо Стоичков живее во Мајами, за бугарските медиуми открил дека има посебна мерка за борба против коронавирусот.

„Јадам многу лук, пијам само топла вода и се туширам со жешка вода. Мојата баба ме учеше дека лукот е здрав и дека ги убива вирусите“, рекол Стоичков.

„Мојата тешта има 80 години и поради тоа сме во Мајами. Се грижиме за неа, вирусот најмногу ги напаѓа старите луѓе. Мојата ќерка живее во близина, но не сум ја видел цела недела. Не смееме да ризикуваме, болеста лесно се пренесува“, истакнал најдобриот стрелец на Светското првенство во 1994 година кога Бугарија го освои четвртото место.

Scroll to Top