Top Sport

Стојановски и Адебајор ќе бидат соиграчи во Ним

Поранешниот репрезентативец на Того Емануел Адебајор (35) добил понудата кариерата да ја продолжи во екипата на Ним. Адебајор неодамна ја раскина соработката со турскиот тим Кајзериспор.

Адебајор во минатото беше еден од најдобрите напаѓачи во светот. Во својата богата кариера настапувал за Монако, Арсенал, Манчестер сити, Реал Мадрид, Тотенхем, Башакшехир.

Тој со своето искуство треба да му помогне на Ним да избори опстанок во француската Лига 1. По 17 рунди Ним се претпоследни на табелата со 12 поени, пет помалку од безбедната зона.

Доаѓањето на Адебајор ќе значи дополнителна конкуренција за македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски.

Стојановски во летниот преоден рок стана играч на Ним, досега има постигнато два гола во првенството, а неодамна на натпреварот против Австрија го постигна деби-голот за репрезентацијата на Македонија.

Scroll to Top