Top Sport

Ливерпул и Минамино го официјализираа трансферот

Европскиот првак Ливерпул го потврди трансферот на Такуми Минамино. За услугите на Јапонецот Ливерпул на Салцбург му платиле 10 милиони евра.

Минамино вечера на „Енфилд“ успешно ги минал лекарските прегледи, а денес го ставил својот потпис на четири и пол годишниот договор. Ливерпул се уверија во неговите квалитети во двата натпревари што ги одиграа против Салцбург, поради што клупските челници решиле да ја активираат неговата откупна клаузула.

„Сонував да стана играч на Ливерпул. Многу сум возбуден. Целта ми беше да играм во Премиер лигата. Следни желби ми се да ги освојам Пре миер лигата и Лигата на шампионите“, изјавил за клупската страница Минамино.

Јапонецот официјално ќе стане член на Ливерпул на 1 јануари кога ќе биде отворен преодниот рок.

Минамино кој ја започнал кариерата во Серезо Осака, а изминатите пет години бил играч на Салцбург, во Ливерпул ќе го носи бројот 18.

Scroll to Top