Top Sport

Стојчев останува тренер на Академија Пандев, клубот не ја прифати понудената оставка

Македонскиот прволигаш Академија Пандев не ја прифати понудената оставка од шефот на стручниот штаб Ѓорге Стојчев. Младиот стратег понуди оставка откако тимот загуби дома од Скопје (1:2) и ремизираше на гости (1:1) против Борец. Сепак, ќе остане на клупата на тимот.

„На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот беше разгледена понудената оставка од шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим, Ѓорге Стојчев. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка не е прифатена. Управниот Одбор, сите вработени, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Ѓорге Стојчев, а убедени сме дека резултатската криза ќе се надмине веќе во наредните натпревари. Решението за назначување на Стојчев за тренер на сениoрскиот тим не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот во иднина“, соопштуваат од струмичкиот клуб.

Академија Пандев во следното коло го пречекува Пелистер на домашен терен.

Scroll to Top