Голманот на фудбалскиот клуб Партизан, Владимир Стојковиќ, смета дека голот на напаѓачот на Црвена ѕвезда, Ричмод Боачи, постигнат во 158. „вечно дерби“ е нерегуларен, односно дека топката не ја минала гол-линијата.
„Ова е срамно! Се срамам што сум Србин! Ќе видите утре ќе се откажам од српскиот пасош. Ме слушнавте што реков! Се колнам, не беше гол. Не можеш да донесеш таква одлука доколку не си 100 отсто сигурен. Тој не можеше од мене да ја види целата ситуација, ја покрив топката. На Црвена ѕвезда секоја чест за борбеноста, но ова е срамна одлука. Повторувам прв пат во животот се срамам што сум Србин, што сум државјанин на оваа држава“, рекол капитенот на Партизан, инаку поранешен играч на Црвена ѕвезда.
Спортниот момент се случи во 83.минута кога Боачи упати удар со глава, Стојковиќ ја извади топката од голот, а судијата по консултација со помошникот го призна голот, со кој Црвенз ѕвезда израмни на 1:1.