Top Sport

Столе Димитриевски доби нов тренер, Пако Хемез ќе го спасува Рајо (фото)

Шпанскиот прволигаш, Рајо Валјекано каде прв голман е нашиот Столе Димитриевски од денеска има нов тренер откако пред неколку дена отказ заработи кормиларот Мичел.

Малиот клуб од Мадрид во иднина ќе го предводи шпанскиот стручњак, Пако Хемез кој е екс шпански репрезентативец.
Нему ова ќе му биде четврта епизода на стадионот „Валјекас“. Првиот пат, како играч пристигна во клубот во 1992 година, потоа по вторпат како играч дел од Рајо стана во 2004 година, а во 2012 година Хемез застана и на кормилото на клубот.

Пред да се врати во Мадрид, тој ги водеше екипите на Лас Палмас и Гранада во Секунда девизијата во Шпанија, а ја вршеше тренерската функција и во мексиканскиот клуб Круз Азул.
Во периодот кога беше тренер на Рајо Валјекано, Хемез го направи најголемиот успех со клубот кој стигна до осмата позиција на табелата.

Сега ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Примера со клубот кој моментно е на претпоследната позиција на табелата со 23 бода, 6 помалку од Вилјареал кој е на позиција која носи опстанок во елитата во Шпанија.

Scroll to Top