Top Sport

Парче од последната мастика на Фергусон на клупата на Јунајтед продадено за 455.000 евра (фото)

Дел од мастиката за џвакање на легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон на неговиот последен меч на клупата на „ѓаволите“ на „Олд Трафорд“ против Вест Бромвич Албион (заврши со резултат 5-5) на 19 мај 2013 година е продаден на аукција.

Британските медиуми пишуваат дека цената на изџваканата мастика достигнала 455.000 евра. Интересното е тоа што навивачот кој ги добил парите за „скапоцената мастика“, сите средства ги донирал во хуманитарни цели, ги уплатил на сметката на Фoндацијата „Манчестер Јунајтед“.

Алекс Фергусон, еден од најголемите фудбалски стручњаци во историјата го водеше Јунајтед од 1986 до 2013 година и освои дури 38 трофеи, меѓу кои 13 титули во Премиер лигата и две во Лигата на шампиони.

Scroll to Top