Засилената Барселона не успеа да го победи Рајо Ваљекано на стартот на новата сезона во Ла Лига, а главен „виновник“ беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Тој бранеше одлично и го предводеше својот тим до реми без голови на „Камп Ноу“.
Третпат по ред, Столе Димитриевски не прими гол на натпревар против Барселона.
„Задоволство е мрежата да остане мирна после натпревар со Барселона на „Камп Ноу“. Но, тоа не е изненадување затоа што лани ги победивме овде и токму тао сакавме да го сториме повторно. Знаевме дека ќе доминираат на теренот, но останавме мирни во своето поле и знаевме како да се браниме“, изјави по мечот Столе Димитриевски.