Top Sport

Столе три пати капитулираше, Рајо поразен во Виго

Селта Виго го совладаа Рајо Ваљекано со 3:0 во натпревар од 25. коло на шпанската Примера.

Апсолутен херој на натпреварот беше капитенот на тимот од Виго, Јаго Аспас, кој постигна два гола за домаќините.

По првите 45 минути немаше голови, а потоа во 51. минута Селта поведе со голот на Аспас на асистенција на Галан.

Само една минута подоцна Селта го удвои водството, со автоголот на Пате Сис.

На пет минути до крајот на натпреварот Аспас со вториот гол го потврди триумфот на домаќините.

По оваа победа Селта е на 11. место со 31 бод, додека Рајо е на седмата позиција со 35 бодови.

Scroll to Top