Поради стомачен вирус на кој што се пожалиле четворица македонски репрезентативци, селекторот Иго Ангеловски го презакажа денешниот тренинг и прес конференцијата, во пресрет на натпреварот со Лихтенштајн.
Бобан Николов, Стефан Спировски, Ферхан Хасани и Мите Цикарски утрово се пожалиле на стомачни мачнини, а лекарскиот тим ги презема сите мерки да ги оспособи фудбалерите за извршување на сите активности.
Поради тоа селекторот Ангеловски ја презакажа прес конференцијата за 17 часот, а последниот тренинг пред утрешниот натпревар ќе се одржи во 17:30 часот.
Македонија, в сабота, од 20:45 часот, ќе го пречека Лихтенштајн, во рамките на третото коло во Лигата на нации.
фото: ffm.mk