Шпанските медиуми излегоа со деталите од страотната сообраќајна несреќа во која утрово загина поранешниот фудбалер на Севилја, Арсенал, Реал, Атлетико…Хосе Антонио Рејес.
Животот на Рејес згасна во 35 година на патото што води од неговиот роден град Утрера кон Севилја.
Медиумите на Пиринеите забележаа и видео снимка од моментот кога шлеп службата го отстранува уништениот автомобил од местото на несреќата.
Инаку се уште не се познати причините поради кои спортскиот автомобил со кој управувал рејес излетал од патот.
Рејес е најмладиот играч во историјата на Севилја кој дебитирал за првиот тим. Своето деби го имал на 16 години и пет месеци. По пет години за 30 милиони евра се пресели во Арсенал, а играл и за Реал и Атлетико Мадрид, Еспањол…