Top Sport

Страшни сцени во Португалија – се плашеа дека трибината ќе падне (видео)

Понеделничкиот меч меѓу Есторил и Порто беше прекинат и откажан по стравувањата дека една од трибините ќе се сруши.

Стадионот „Антонио Коимбра да Мот“ е изграден во 1939 година, но неодамна беше реконструиран, меѓутоа полицијата и организаторите побараа мечот да се прекине кога се појавија пукнатини во темелите на трибината, каде што имаше околу 2.500 фанови.

Дел од навивачите веднаш се симнаа на теренот, а другиот дел се приклучија на фановите на Есторил на другата трибина. По ова следуваше пауза од половина час, по што мечот беше прекинат при резултат од 1:0 за Есторил. Второто полувреме ќе се игра денеска, најверојатно пред празни трибини.

Scroll to Top