Top Sport

Ѓоковиќ се врати во голем стил (Видео)

Новак Ѓоковиќ со убедлива победа го обележа враќањето на тениските терени по шестмесечната пауза. Во првото коло на Австралија опен, Србинот го декласира Доналд Јанг со 6:1, 6:2, 6:4.

За Ѓоковиќ ова беше првиот официјален меч уште од четврт-финалето на Вимблдон минатата година, кога поради повреда му го предаде мечот на Томаш Бердих.

Шесткратниот шампион во Мелбурн, одигра добар меч, во кој потсети на своите најдобри денови кога доминираше во светскиот тенис.

Србинот мечот го заврши со 79 отсто освоени поени и 33 винери.

„Не постои подобро место да заиграм тенис по шестмесечна пауза од Мелбурн. Сакам да доаѓам и да играм тука, вие сте сјајни. Долг период не играв, но тоа време квалитетно го искористив, минував време со семејството. Добив уште едно дете и тоа е благослов. Рацете ми беа полни иако не држев рекет. Не се тука со мене, ми недостигаат, но ми недостигаше и тенисот. Тие ми ја даваат најголемата поддршка“, рекол Ѓоковиќ.

Противник на Ѓоковиќ во наредната рунда ќе му биде Французинот Гаел Монфилс.

Scroll to Top