Top Sport

Страшниот пад на Думбија – Рома го плати 15 милиони, сега ќе игра во Малта

Навивачите на Рома го паметат фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, 33-годишниот Сејду Думбија, но како еден од примерите за лоша одлука на фудбалскиот пазар последните години.

Од московска ЦСКА Думбија дојде на „Олимпико“ во Рим за 15 милиони евра пред 6 години, но по само 6 месеци беше вратен во Москва, на позајмица затоа што не ги задоволи апетитите на раководните луѓе кај „волчицата“.

Времето во Рома пред се го помина на позајмици, настапуваше за Њукасл, Базел и Спортинг пред португалскиот клуб да го купи за 3 милиони евра пред 3 години. По само една година во клубот од Лисабон беше отпуштен, и кариерата ја продолжи во швајцарски Сион. Таму издржа само 6 месеци.

Од март минатата година е без клуб, па денеска потпиша договор со Хамрун Спартанс – клуб од Малта.

Scroll to Top