Top Sport

Озил воопшто не планира враќање во Германија

Месут Озил на презентацијата како фудбалер на Фенербахче ги отфрли сите можности да се врати во германската фудбалска репрезентација, ниту да игра повторно во Бундеслигата, праќајќи јасна порака до земјата каде што е роден.

Озил имаше 94 настапи за Германија од 2009 до 2018 година, со 23 гола и 43 асистенции, и секако со титулата од Светското првенство во 2014, кога беше клучен човек во репрезентацијата. Сепак, четири години подоцна во Русија, Германија испадна во натпреварите по групи, и Озил се откажа од репрезентацијата, тврдејќи дека во федерацијата има расизам. Таа одлука не планира да ја смени.

„Кога ќе тргнам на пат, не се враќам назад. Затоа, нема да играм за германската репрезентација повеќе. Им посакувам многу успех“, вели 32-годишниот Озил.

Тој исто така ја отфрли можноста да се врати во Бундеслигата, каде што на почетокот на кариерата играше во Шалке и Вердер.

„Но, не сонувам за враќање во Бундеслигата“, одговори кратко фудбалерот.

Scroll to Top