Top Sport

Стриниќ си заминува од Милан без да одигра меч

Откако не успеа да направи ниту еден конкурентен настап за „росонерите“ по проблемите со срцето, хрватскиот лев бек Иван Стриниќ е ослободен од договорот со Милан со взаемна согласност.

Стриниќ дојде во Милан од Сампдорија во јули 2018 година по одличните настапи за Хрватска на Светското првенство во Русија и пласманот во финалето, но медицинските тестови утврдија дека тој има проблем со срцето и му советуваа да ја прекрати кариерата.

32-годишниот Стриниќ по доаѓањето на Тео Ернандез е „вишок“ во клубот од Милано и засега не е јасно дали ќе ја продолжи кариерата.

„Клубот му посакува на фудбалерот многу успеси во идната кариера“, се вели во краткото соопштение на Милан.

Scroll to Top