Top Sport

Строг судија од Англија ќе и суди на Македонија во Тбилиси

Англискиот арбитар, Ентони Тејлор ќе биде делител на правдата на мечот што македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра задутре во Тбилиси, Грузија. Искусен судија кој суди во Премиерлигата ќе биде сведок на историја – и Грузија и Македонија се со шанса за првпат да обезбедат пласман на Европско првенство.

На Тејлор во Тбилиси, на зелениот терен ќе му помагаат неговите сонародници Гери Бесвик и Адам Нан, додека во ВАР собата ќе бидат Пол Тирни и Стјуарт Атвел.

Англискиот судија еднаш веќе ѝ судел на Македонија, и тоа во март 2015 година, кога нашата репрезентација загуби во Скопје од Белорусија со 2-1.

На Грузијците досега не им судел.

Ентони Тејлор минативе 40-тина дена во сите натпреварувања на кои ја делел правдата, на 9 меча досудил 10 пенали, а покажал 36 жолти картони, надополнети со еден црвен.

Scroll to Top