Олимпик Марсеј стигна до драматична 1:0 победа на гостувањето кај Рен, за да ја продолжи одличната серија во француската Лига 1 и да дојде на само четири поени од шампионот Пари Сен-Жермен на врвот на табелата (иако Парижани имаат меч помалку).
Во дуелот на второпласираниот и третопласираниот тим во францускиот шампионат, немаше голови до самиот финиш на мечот, кога во 84. минута, Димитри Паје имаше убав обид од слободен удар, кој заврши во пречката, но на вистинско место беше Холанѓанецот Кевин Стротман за да ја смести топката во мрежата.
ПСЖ кои во недела играат во дербито со Монако, остануваат први со 45 поени, Марсеј под водство на Андре Вилаш Боаш сега има 41, додека Рен се трети со 33 поени.