Top Sport

Шефилд јунајтед со нова победа, сега се пред Манчестер, Тотенхем и Арсенал! (видео)

Шефилд јунајтед продолжува со сезоната од соништата при враќањето во Премиер лигата, откако во петочниот прв меч од 22. коло од Премиер лигата стигнаа до 1:0 победа над Вест хем и се искачија на петтото место на табелата пред клубови како Манчестер јунајтед, Тотенхем и Арсенал.

Ова беше совршен начин да се прослави новиот договор на менаџерот, Крис Вајлдер, кој за три години успеа да ги крене „сечивата“ од третата лига до место кое води во европските натпреварувања.

Клучниот момент во мечот се случи во 53. минута, кога голманот на Вест хем, Лукаш Фабијански направи катастрофална грешка, подавајќи му ја топката на Џордан Флек, кој немаше проблем да го најде Оливер Мекбурни, кој ја смести топката во мрежата. Во 92. минута од мечот имаше мала драма, кога Деклан Рајс постигна гол за „чеканите“, но ВАР системот го поништи поради офсајд.Е

Вест хем, сега под водство на Дејвид Мојс, остануваат на 16. место со 22 поени и доколку Астон вила и Бурнемаут победат викендов, тие ќе паднат во зоната за испаѓање.


Scroll to Top