Фудбалерите на Вотфорд обезбедија враќање во Премиерлигата.
Тие денеска во 44. коло го совладаа тимот на Милвол и така го потврдија второто место во Чемпионшип, па по само една година пауза, „стршлените“ се враќаат во елитата.
Вотфорд има 88 бода, 10 повеќе од Брентфорд кои има и меч помалку.
До крајот има уште две кола, па Брентфорд шансата за пласман во ПЛ ќе ја побара преку плеј-оф.
За потсетување, минатата недела експресно враќање во Премиерлигата обезбеди и лидерот во Чемпионшип, тимот на Норич.
— Watford Football Club (@WatfordFC) April 24, 2021