Лионел Меси синоќа одигра брилијантен меч против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Аргентинецот постигна гол и подели две асистенции во победата од 3:1.
Изведбата на Меси го натерала Раде Богдановиќ, еден од стручњаците во студиото на Радио телевизија Србија (РТС) по мечот да ја коментира неговата игра, но и играта на неговиот соиграч Усман Дембеле кој поради повреда играше само 20 минути.
„Апсурд на животот и времето во кое живееме. Човекот е платен 150 милиони евра со бонусите. Толку пари се потребни за целосно да се реновира Клиничкиот центар на Србија за да може квалитетно да се лечат седум милиони жители на Србија. Дури 35 отсто од Комерцијалната банка изнесувал неговиот трансфер. Барселона прво му ангажираа нутриционисти кои му објаснија дека не смее да јаде брза храна. Потоа му ангажираа психијатар за да му објасни дека професионален фудбалер не смее навечер да гледа порно филмови и да игра видео-игри. Замислите некого што има толкава плата да си дозволува такви работи во животот“, рекол поранешниот српски напаѓач, а потоа ја коментирал и Борусија Дортмунд.
Rade Bogdanović u elementu pic.twitter.com/Myijk3gmGV
— milanče (@brankowm) November 27, 2019
„Дортмунд не излегоа сега од форма, испаднаа од форма во април минатата година кога тренерот реши во одбраната да игра со четворица црнци. Сега тој е печен и подготвен за отказ“, го истакнал својот расистички коментар Богдановиќ.
Rade Bogdanović u elementu, volume 2 pic.twitter.com/OUV65Jp8RX
— milanče (@brankowm) November 27, 2019