Top Sport

Халанд и во петти меч даде гол, Салцбург може да го елиминира шампионот Ливерпул!

Неуспехот на актуелните европски шампиони Ливерпул да го совладаат Наполи дома, може да донесе до шокантно исфрлување на „црвените“ во последното коло и незгодното гостување во Австрија.

Откако Ред бул Салцбург стигна до 4:1 победа на гостувањето кај аутсајдерот Генк, австрискиот клуб, предводен од тинејџерската сензација Ерлинг Халанд (кој постигна голови во сите пет меча во ЛШ оваа сезона), има седум поени на третото место на табелата, колку што има и второпласираниот Наполи, додека Ливерпул се лидери со 10 поени.

Меѓутоа, доколку Салцбург успее да го победи Ливерпул дома, а во исто време Наполи (очекувано) го победи Генк, тоа ќе значи дека тие две екипи одат во нокаут-фазата, а Ливерпул ќе мора да се задоволи со пласман во Лига Европа.

Scroll to Top