Top Sport

Струга го дозна можниот ривал во третото коло во Конференциската лига

Фото/ facebook.com/Fcstruga

Шампионот на Македонија, Струга ТЛ, дозна со кого ќе игра во третото квалификациско коло за пласман во Конференциската лига.

Стружани од Слован испаднаа од квалификациите за Лигата на шампионите. Од второто коло тие продолжуваат во Конференциската лига. Противник им е Пјуник од Ерменија.

Доколку Струга ТЛ го мине Пкуник во третото коло ќе игра против Дифедарданж (Луксембург) и Ордабаси (Казахстан).

Натпреварите во третото коло ќе се одиграат на 8 и 15 август.

Scroll to Top