Top Sport

Струга го победи Силекс

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Струга Трим Лум, забележа значајна победа на гостувањето во Кратово. Стружани го победија Силекс со 2:1.

Струга победата ја обезбеди во првото полувреме кога ги постигнаа двата гола, а на рака им одеше и исклучувањето на Арсим Љамалари.

Ибраими го постигна првиот гол од пенал во 10.минута, а откако Силекс во 22.минута остана со играч помалку на теренот Малески во 24.минута зголеми на 2:0.

До крајот на натпреварот Силекс само успеа да го ублажи поразот. Во 83.минута Ристовски го постави конечниот резултат.

Фото/ facebook.com/Fcstruga/

 

Scroll to Top