Македонскиот првак Струга Трим Лум доби спектакуларен клуб за можен противник во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Доколку успее да го елиминира литванскиот Жалгирис во првото коло, тогаш стружани ќе играат против турскиот гигант Галатасарај во втората рунда од квалификациите.
Струга ТЛ би била домаќин во првиот меч на 25/26 јули, додека реваншот би се играл на 1/2 август во Истанбул.