Top Sport

Струга ТЛ елиминирана во 96.минута од Конференциската лига

Последниот македонски претставник во о еворопските купови, Струга ТЛ доживеа шокантна елиминација од Пјуник. Ерменците го минаа второто коло со гол во 96.минута.

Струга евро сезоната ја заполна во квалификациите за Лигата на шампионите, каде доживеа елиминација од Слован Братислава.

Македонскиот шампион продолжи во квалификациите за пласман во Конференциската лига, но и тука не се прослави. Стружани во Ерменија отпатуваа со предност од 2:1, до 96.минута имаа продолженија, но ги шокира голот на Коваленко со кој Пјуник славеше 3:1.

Претходно домаќините водеа со 2:0 со головите на Дебие во 16. и Коваленко во 45.минута.

Стружани во натпреварот ги врати ветеранот Ибраими со голот во четвртата минута од надополнувањето на времето во првиот дел.

Scroll to Top