Top Sport

Струга ТЛ ги дозна можните ривали за плејофот во Конференциската лига

Македонскиот шампион Струга Трим Лум денеска (14 часот) во Нион ќе го добие можниот ривал за плеј-офот во Конференциската лига. УЕФА со посебна процедура утрово ги скрати можните ривали, а стружани се најдоа во групата 2 во пресрет на ждребот.

Доколку Струга ТЛ успее да го елиминира Есперанж од Луксембург, во плејофот би можела за протовник да го добие поразениот од следните натпревари: Зрињски – Брејдаблик, Карабах – Хелсинки, Астана – Лудогорец.

Натпреварите од плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига е предвидено да се играат на 24.август и на 31.август.

Scroll to Top