Top Sport

Струга ТЛ ќе го пречека Есперанж во Скопје

Актуелниот шампион на Македонија, Струга ТЛ, наредната недела ќе го одигра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига.

Противник на Стружани ќе им биде Есперанж од Луксембург.

Во првите две кола Струга ТЛ како домаќин играше на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, а Есперанж ќе го пречека во Скопје.

Струга ТЛ ќе го пречека Есперанж на 10. август од 19 часот, реваншот во Луксембург е закажан за 17. август.

Scroll to Top