Top Sport

Струга ТЛ со триумфот над Работнички ја зголеми предноста пред Шкупи (Фотогалерија)

Лидерот Струга Трим постиогна еден гол, но успеа да освои три бода, а и да ја зголеми за два бода предноста пред Шкупи на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. На стадионот „Борис Трајковски“, во борбен дуел, стружани славеа со голот на Христијан Малески во 28.минута.

Го искористија на најдобар можен начин и ремито (1:1) на Шкупи против Академија Пандев во Струмица, па сега повторно имаат четири бода предност на врвот на табелата.

 Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Scroll to Top