Top Sport

Стружани оптимисти пред реваншот со Будуќност

Фудбалерите на Струга ТЛ, вечерва во Подгорица го играат реваншот против Будуќност, во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига. Реваншот, екипата на Струга ТЛ ќе го започне со предност од 1:0.

Тренерот Шпетим Дуро очекува добар настап на својот тим и пласман во следното коло од ова европско натпреварување.

„Со нетрпение го очекуваме утрешниот натпревар со Будуќност, очекувам тимот да има добар настап, исто како што тоа го направивме на трите досегашни средби во Европа, двата против Жалгирис и последниот против Будуќност. Резултатот од првиот меч е позитивен, бидејќи успеавме да победиме, но ова е нов натпревар и треба да бидеме максимално подготвени. Верувам дека можеме да излеземе како конечни победници“, изјави Дуро.

Доколку Струга ТЛ ја мине Будуќност, во наредната рунда за противник ќе го има подобриот од натпреварот ТНС (Велс) – Есперанж (Луксембург). Првиот меч меѓу овие два тима заврши без победник 1:1.

Scroll to Top