Луис Суарез во саботата му ја сервираше осветата на Роналд Куман. Атлетико Мадрид, во дербито, ја победи Барселона со 2:0. Суарез го постигна вториот гол, откако претходно погоди Тома Лемар.
Суарез не го прослави голот, но со еден гест, симулирање на телефонски повик, го поздрави Роналд Куман, кој поради казната седеше во ложата на „Ванда Метрополитано“.
Во разговор за новинарот, Џерар Ромеро, проговорил за неговите последни денови во Барселона и за актуелниот момент во кој се наоѓа овој клуб.
„Останав во Барселона под секакви услови. Бев подготвен да му помогнам на клубот, ќе прифатев значително намалување на платата. Тие сепак решија да ме избркаат. Телефонскиот разговор со кој Куман ми соопшти дека не им сум потребен траеше 40 секунди. Тоа не е начин да отпуштите некого. Куман како да немаше јасен став во врска со многу работи. Само ми кажа дека во неговите планови нема место за мене“, рекол Суарез и продолжил.
„Ми пречеше што немаше храброст да ми ја каже вистинската причина, бидејќи неколку дена претходно ми кажа дека смета на мене. Потоа ми се јави Џозеп Марија Батомеу и ми кажа дека тренерот нема да смета на мене. Му се јавив на Меси да му кажам што ми направија. Не можам да опишам колку ми беше тешко. Зад нас остана кошмарна сезона. Лео сакаше да замине, а потоа мене ме избркаа. Грозно им беше на нашите семејства“.
Уругваецот потоа го коментирал актуелниот момент во кој се наоѓа Барселона. По поразот од 2:0 во Мадрид, Барса се наоѓа на деветтото место на табелата во Примера.
„Против нас Барселона делуваше лошо. Жел ми е, ме боли што се во таква ситуација, но на теренот тие не ми се пријатели. Ако го погледнете тимот забележувате дека тука има квалитетни играчи способни да направат разлика на теренот. За да го направат тоа треба да имаат јасна тактика, да добијат совети што треба да направат на теренот“, заклучил Уругваецот.
Луис Суарез шест години играше за Барселона, настапил на 283 натпрвари, постигнал 198 голови.