Top Sport

Суарез е мирен: Полека се враќам во форма

Луис Суарез вели дека воопшто не добил дополнително задоволство по постигнувањето на двата гола против Леганес во саботата откако претходно беше пет натпревари без гол.

Се напишаа повеќе анализи зошто на Уругваецот не му оди оваа година, но сега со двата негови гола, Барса стигна до 11. победа во 12 меча и се одвои на 10 поени од мадридските ривали Реал и Атлетико.

„Веќе зборував за тоа и кажав јасно. Се обидувам да се чувствувам добро за да му помогнам на тимот. Имаме три поени и тоа е најважно. Само да продолжиме вака“, вели Суарез.

Следен меч за Барселона е патувањето на „Месталја“, за дуел со второпласираната Валенсија, каде што ќе патуваат без повредениот Хавиер Маскерано и суспендираниот Жерард Пике.

„Валенсија игра прекрасен фудбал, но прво треба да го поминеме првиот предизвик – Лигата на шампионите против Јувентус“, вели смирено Суарез.

Суарез пак „удира“, Барса со нова победа (видео)

Scroll to Top