Напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез, не бил импресиониран од одлуката на Антоан Гризман да не го прослави голот што го постигна вчера, во четврт-финалната пресметка на двете репрезентации.
Франција го победи Уругвај со 2:0, а Гризман беше играч на натпреварот. Тој му асистираше на Варан за првиот гол, а со помош на уругвајскиот голман Муслера го постигна вториот.
Бидејќи го почитувал уругвајскиот народ и од почит кон неговите пријатели од Уругвај тој не го прослави голот. Меѓутоа Суарез не е импресиониран од ваквиот гест.
„Тој не е Уругваец. Тој е Француз и постигна гол против нас, а негова работа е дали ќе слави или не. Гризман не знае што треба да издржиш како Уругваец за да успееш во фудбалот. Да се биде Уругваец е нешто посебно“, рекол напаѓачот на Барселона.
Гризман: Не го прославив голот од почит кон уругвајскиот народ