Ѕвездите на Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез очигледно се добри пријатели и надвор од фудбалскиот терен, откако двајцата беа со своите партнерки на морско опуштање по убедливиот старт на шампионатот.
Барса со 3:0 го совлада Алавес во саботата за да ја почне одбраната на титулата, по што Меси со сопругата Антонела Рокуцо и Суарез со сопругата Софија Балби решија да земат мал одмор пред дуелот со Реал Валјадолид.
„Уживање со пријателите“, напиша Рокуцо на Инстаграм.