Top Sport

Суарез испиша историја во Лигата на шампионите

Атлетико, во второто коло во Б-групата, во Лигата на шампиони, забележа драматична победа на „Сан Сиро“. „Јорганџиите“, победија со 2:1, со гол од пенал, постигнат во 97.минута.

ВАР, во судиското надополнување на времето, им додели пенал на гостите од Мадрид. Судијата Чакир, чекаше речиси три минути, на крајот ја прифати одлуката на видео-асистентот.

Луис Суарез, потоа го реализираше пеналот.

Со овој гол, Уругваецот, влезе во историјата на Лигата на шампионите. Никој досега не постигнал гол за победа во 97.минута.

Интересно, голот во Милано е прв за Суарез на гостински терен во Лигата на шампионите по шест години.

Scroll to Top