Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез не е дел од уругвајската репрезентација за пријателските мечеви против Јужна Кореја и Јапонија, бидејќи неговата сопруга во секој момент треба да се породи со нивното трето дете.
Суарез најави дека очекува трето дете откако Уругвај стигна во осминафиналето на Светското првенство во јуни, а сега Уругвајската фудбалска федерација (АУФ) потврди дека 31-годишниот ветеран не е во тимот за пријателските мечеви на 12 и 16 октомври, но доколку неговата сопруга се породи предвреме, тој ќе биде достапен на селекторот Оскар Табарез.
Суарез досега има три гола во новата сезона и три асистенции. Тој веќе има ќеркичка Делфина и син Бенјамин.