Луис Суарез би осум години би можел да се врати во Англија. Интерес за ветеранот покажува Астон Вила, чии тренер е поранешниот соиграч на Уругваецот, Стивен Џерард.
И покрај тоа што преодниот рок се уште официјално не започна, Астон Вила веќе заврши со три пеколни засилувања. Од Барселона го откупи договорот на Филипе Кутињо, Бубакар Камара пристигна како слободен играч од Олимпик Марсеј, а најшокантно е доаѓањето на Диего Карлос од Севиља за 32.000.000 евра.
Уругваецот призна дека би сакал да игра со својот пријател Лео Меси во Интер Мајами во 2023 година, но дотогаш би можел да ја одигра последната сезона во Премиер лигата.
Суарез играше за Ливерпул од 2011 до 2014 година, со Џерард.
Суарез е слободен играч откако му истече договорот со Атлетико Мадрид.