Уругвајската гол-машина, Луис Суарез отфрли можно враќање во Премиер лигата бидејќи би било невозможно да игра против својот поранешен клуб Ливерпул.
34-годишниот напаѓач на Атлетико Мадрид помина четири сезони на „Енфилд“ од 2010 до 2014 година, постигнувајќи 82 гола во 133 настапи, а беше дел од тимот кој во финишот ја загуби титулата од Манчестер сити во 2013/14.
„Да се игра за било кој друг клуб во Англија освен Ливерпул би било многу тешко. Имав, и се надевам дека уште имам, добри односи со навивачите на Ливерпул и би било невозможно да играм за некој друг. Ќе беше навистина посебно остварување да се освои лигата со Ливерпул, но сега сум среќен што барем тоа чекање веќе го нема. Изгледаат како тим кој може да се натпреварува за титулите и во следните години и поврторно се таму каде што заслужуваат“, вели Суарез.