Top Sport

Мурињо пак контра Лук Шо: Видете колку не знае да изведува корнери!

Лук Шо дефинитивно не е меѓу омилените фудбалери на Жозе Мурињо, нешто што португалскиот стручњак повторно го покажа со анализата на неговото изведување на корнерите при 1:0 победата над Англија против Чешка.

Мурињо беше импресиониран од Англија, но смета дека Герет Саутгејт мора да го тргне Шо од тимот.

„Една негативна работа која би кажал повторно се многу слаби на корнерите. Има многу добри фудбалери за таа позиција, а Лук Шо, кој беше многу добар, беше многу слаб од корнер. Филипс исто така. На ова ниво, еден корнер може да го реши мечот“, вели Мурињо.

Шо имаше лошо искуство со Мурињо, додека тој беше менаџер на Манчестер јунајтед, а „Специјалниот“ изјави дека постојано треба да му дава совети. Пред отварањето на ЕУРО 2020, Мурињо изјави дека наместо Шо, Англија треба да игра со Чилвел.

„Левиот бек мора да е Чилвел, воопшто нема конкуренција. Знам дека игра во Челси со пет во одбрана, но тој е интелигентен, и го покрива теренот. Зошто не Шо? Имаше добра сезона, о Чилвел има нешто и е смирен под притисок“, изјави тогаш Мурињо.

Scroll to Top