Луис Суарез по победата на Уругвај над Чиле (2:1) со новинарите разговарал за неговите последни денови во Барселона. Суарез против Чиле го постигна првиот гол, а откако Чилеанците израмнија со голот на Алексис Санчез, Макси Гомез во 93 минута им донесе победа на Уругвај.
„Деновите до дебито за Атлетико беа компликувани. Плачев поради се она низ што морав да поминам. Не ги прифатив добро пораките од клубот. Бараа решение да го напуштам клубот, ме боли начинот како го правеа тоа. Постојат работи кои не ги знаеја. Тренирав, а на тренинзите не ми даваа да играм натпревари 11 на 11“, рекол Суарез и дополнил.
„Кога се јавија од Атлетико не размислував ниту една секунда“.
Проговорил и за пораката која на „Инстаграм“ ја постави неговиот пријател Лео Меси кога тој веќе го напушти клубот.
„Знаев дека Лео ќе реагира, добро го познавам. Знам дека и тој исто како и јас чувствуваше болка. Знаеше дека се можеше да биде одработено на многу поубав начин, а не да ме исфрлат од клубот. Сепак јас таму без шест години и Меси беше лут пораде се што се случи“, заклучил Суарез.