Top Sport

Суарез подготвен да си го откупи договорот со Гремио само за да игра со Меси

Уругвајскиот ветеран, Луис Суарез е подготвен со сопствени средства да го откупи својот договор со бразилскиот Гремио, само за да му се приклучи на блискиот пријател, Лионел Меси во Интер Мајами.

Суарез оваа година пристигна во Гремио од Насионал Монтевидео и потпиша двегодишен договор, но бразилскиот клуб е запознаен дека тој сака да замине, но Интер Мајами немаат доволно средства да ја платат потребната отштета, тврди „ЕСПН Бразил“.

Тие додаваат дека Уругваецот е подготвен да ги врати сите плати што ги добил во 2023, и да исплати дополнителна сума, само за да замине во Мајами, каде што покрај Суарез се и неговите поранешни соиграчи од Барселона, Жорди Алба и Серхио Бускетс.

Scroll to Top