Новиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Луис Суарез има деби за паметење за новиот клуб. Тој на мечот на „јорганџиите“ против Гранада (6-1) влезе во игра во 70 минута, при резултат 3-0 за домашниот тим.
Резултатот го отвори Диего Коста уште во 9 минута. Во 16 минута Саул пропушти шанса Атлетико да го однесе на 2-0, промаши пенал.
На стартот на вториот дел Кореа стрела прецизно за 2-0, а во 65 минута Жоао Феликс со неговиот погодок носи предност од 3-0 за својот тим.
Со влегувањето во игра на Суарез, во 72 минута му асистита на Љоренте за високи 4-0.
Во 85 минута самиот се запишува во листата на стрелци за 5-0.
Гранада во 87 минута преку Молина постигнува почесен гол, 5-1.
Конечните 6-1 се дело на Луис Суарез во 93 минута.
Атлетико поради настапите во ЛШ минатата сезона, подоцна го започна шампионатот, денешниот беше прв натпревар од новата сезона.