Top Sport

Суатгејт не повика ниту еден играч од Ливерпул

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, објави со кои фудбалери националниот тим ќе ги започне квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Саутгејт максимално ја подмлади репрезентацијата, а она што е забележливо е дека на списокот нема ниту еден фудбалер од редовите на актуелниот шампион Ливероул.

Никогаш досега, во историјата на „Гордиот албион“, не се случило во тимот да нема ниту еден фудбалер на Ливерпул.

Ова е списокот на Саутгејт за натпреварите со Сан Марино, Албанија и Полска.

Scroll to Top