Голманот на Хрватска, Даниел Субашиќ беше еден од хероите во победата на пенали над Русија за пласман во полуфиналето на СП, откако го доигра мечот и покрај повредата на бутниот мускул во финишот на регуларните 90 минути.
Субашиќ, кој одбрани еден пенал во лудата пенал-серија, се пофали дека неговата сопруга е подобар голман од него.
„Мојата жена е најдобар голман, сè ми брани“, напиша Субашиќ на Инстаграм со фотографија од неговата сопруга Антонија.