Top Sport

Ерера: Заслужив повеќе репект од Манчестер јунајтед

Андер Ерера вели дека заслужувал повеќе внимание и респект од Манчестер јунајтед, велејќи дека не заминал поради парите во Пари Сен-Жермен.

30-годишниот Ерера дојде на „Олд Трафорд“ од Атлетик Билбао за 36 милиони евра во 2014, и одигра 189 меча за клубот, освојувајќи ФА куп, Лига Европа и Карабао куп во пет години. И покрај тоа што беше стандарден првотимец и во 2018/19, тој не успеа да се договори со клубот за продолжување на договорот, велејќи дека клубот се однесувал со него како со „резервен дел“.

„Не се работеше за пари, ниту за должината на договорот. Можеби чекав предолго за понуда и сметав дека заслужувам повеќе од клубот. Јас бев фудбалер кој даде сè за клубот и никогаш не се жалев. Не одев кај менаџерот, кај членовите на бордот, а тие чекаа предоцна. Не беше ништо лично, но мислам дека заслужив повеќе“, вели Ерера.

Scroll to Top