Top Sport

Субашиќ во солзи по прашањето за починатиот пријател

Хрватскиот голман Даниел Субашиќ не можеше да ја продолжи прес-конференцијата во Сочи откако беше запрашан за својот починат пријател, Хрвое Ќустиќ и неговата смрт, и маичката со неговиот лик која ја носи на секој натпревар.

Субашиќ прво беше запрашан за својата техника на одбраните на пеналите, откако во Русија се покренаа контроверзи дека голманите излегуваат од линијата пред шутот.

„Не знам што да ви кажам, постојано не предупредуваат да бидеме на линијата. Но, нормално е да одиш чекор напред и тоа е тоа. Не одиме два-три метри и мислам дека се работи за регуларно“, изјави Субашиќ.

Иако прес-конференцијата беше во весел тон, Субашиќ не можеше да одговори на прашањето за својот пријател и поранешен соиграч од Задар, Ќустиќ кој го загуби животот во 2008 година, откако по судир со противнички фудбалер, Ќустиќ удри со глава во ѕид покрај теренот и почина пет дена подоцна. Тој имаше само 24 години.

„Се извинувам на солзите, но емоциите се за.бана работа“, изјави Субашиќ, по што не можеше да продолжи со прес-конференцијата оставајќи му на својот соиграч Домагој Вида да ја заврши.

Субашиќ, како и секогаш играше со маичка со ликот на својот починат пријател

Scroll to Top