На 8.јуни, во Швајцарија ќе започне судскиот процес, против поранешните претседатели на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини. Според обвинението Блатер на Платини му платил 2.000.000 швајцарски франци на Платини во 2011 година.
Истрагата за овој случај е покрената во 2015 година. Блатер на Платини му платил за консултантски услуги, наводно извршени во периодот 1998-2002 година. Проблем е што сумата била исплатена осум години подоцна.
Поради ова обвинение Етичката комисија на ФИФА им изрече доживотни суспензии на поранешните челници на ФИФА и УЕФА.
Блатер и Платини ги негираа обвинувањата. Доколку бидат прогласени за виновни тие се соочуваат со високи казни, а потенцијално можат да завршат и зад решетки.