Top Sport

Судиите добија нови инструкции од УЕФА

Челниците на УЕФА имаат посебно барање за судите во Лигата на шампионите. Имено, тие мора да бидат построги кон фудбалерите кои претеруваат и симулираат во дуел игра, во обидите да изнудат жолт картон на противникот, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

УЕФА сака да ги казни обидите за „измамување“ на судиите со симулирање или претерана реакција на помали грешки во дуелите, пред почетокот на групната фаза од европските натпреварувања следната недела.

„Тоа го претставува неправедното однесување на фудбалерите кон нивните колеги, лош пример за непочитување“, рече шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети.

Судиите на натпреварите треба да бидат „паметни“ и да покажат добро чувство за играта кога ќе ги водат натпревари во Европа оваа сезона.

„Клучно е судиите да можат да ја читаат играта и да го разберат духот на играта во овие ситуации“, додаде Росети, кој го водеше финалето на Европското првенство во 2008 година и судеше на Светските првенства во 2006 и 2010 година.

УЕФА, исто така, сака судиите да ги спречуваат играчите да вршат мобинг врз судиите и другите официјални лица на натпреварите за да влијаат на одлуките и конфликтите на теренот.

Scroll to Top